ПАДНА ОДЛУКА: Земјата која им забрани на странците да купуваат недвижен имот!

од Nikola Popovski
239 прегледи

Забраната за странци да купуваат куќи и други станбени објекти во Канада стапи на сила во неделата на 1-ви јануари, со цел да се обезбедат повеќе домови достапни за локалното население кое се соочува со станбена криза.

Неколку исклучоци од законот им дозволуваат на поединци како бегалци и постојани жители кои не се државјани на земјата да купуваат домови.

На крајот на декември, Отава објасни и дека забраната ќе важи само за градските станови, а не и за рекреативните објекти како викендичките, пренесува „Независне новине“.

Привремената мерка од две години беше предложена од премиерот Џастин Трудо за време на изборната кампања во 2021 година, кога зголемените цени ја ставија сопственоста на домот надвор од дофат на многу Канаѓани.

„Пожелноста на канадските домови привлекува профитери, богати корпорации и странски инвеститори“, соопштија тогаш од неговата Либерална партија во својата изборна програма.

„Тоа води до реален проблем на недоволно искористени и празни станови, незадржливи шпекулации и вртоглаво покачување на цените. Куќите се за луѓе, а не за инвеститори“.

По победата на изборите во 2021 година, либералите тивко воведоа Закон за забрана за не-Канаѓани да купуваат станбени недвижности.

Големите пазари како Ванкувер и Торонто, исто така, воведоа даноци за нерезиденти и празни домови. И покрај неодамнешниот бум, пазарот на недвижности во земјата се залади за продавачите бидејќи хипотекарните стапки ја следеа агресивната монетарна политика на Банката на Канада во обид да ја намали инфлацијата, пренесува „Raw story“.

Слични содржини