Падна ограда од мост: ЦУК ја отстрани опасноста

од Nikola Popovski
181 прегледи

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани доцна синоќа, пред полноќ, презема координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Општина Ѓорче Петров.

Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот – надвозник веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено.

-Притоа, информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие „Улица и патишта“ излегло на терен и итно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните. Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за состојбата.

ЦУК изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК), стои во соопштението од ЦУК.

Слични содржини