Падна првата пресуда за соработникот на Веља Невоља

од Vladimir Zorba
420 прегледи

Милован Тадиќ, поранешниот шеф на обезбедувањето на клубот „Тилт“, кој е обвинет за претепување до смрт на гостинот Слободан Вукиќ во декември 2015 година, денес беше осуден од судот во Белград на пет и пол години затвор.

Да потсетиме, на Милован Тадиќ му се суди за нанесување тешки телесни повреди на гостинот во тој бар, Слободан Вукиќ, како работник за обезбедување во клубот „Тилт“ во декември 2015 година, од кои почина младиот човек.

Тадиќ беше осуден на пет години затвор за ова дело. Укината е казната од седум месеци за недозволено поседување оружје, по што судот изрече комбинирана казна затвор од пет и пол години.

Тој беше во центарот на вниманието на јавноста на почетокот на февруари годинава, кога беше уапсен во голема полициска акција, како член на групата на Вељко Беливук.

Во завршните зборови, Тадиќ рече дека не е виновен.

„Сакам уште еднаш да му изразам сочувство на семејството, навистина, многу жалам за сè што се случи, но не сум виновен“, рече тој.

Слични содржини