Падна првиот снег на Копаоник (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
312 прегледи

Во Србија денеска падна првиот снег, и тоа на планините повисоки од 1.500 метри надморска височина, при што некаде се формираше и помала снежна покривка.

На Инстаграм профилот „ИнфоКОП“ беше објавено видео од првиот снег што паѓа на Копаоник, каде што температурата денеска била минус 2 степени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InfoKOP (@infokop)

Снег има и на Стара Планина, јавуваат белградските медиуми. Се очекува врнежите да престанат во вечерните часови.

Метеоролозите во Србија претходно најавија можни врнежи од снег на висина од над 1.800 метри надморска височина.