Ирачките сили “целосно го опколија” владиниот комплекс на Рамади, последната тврдина на “Исламска држава” во западниот град, изјави портпаролот на заедничката команда Јахја Расул пред “Ројтерс”.

zx450y250_2676800

“Во моментов се чистат зградите и улиците околу комплексот за експлозиви”, рече тој. “Очекувам дека ќе влеземе во комплексот по околу еден час.”

Враќањето на Рамади, кој беше освоен исламистите во мај, ќе биде еден од најзначајните победи за вооружените сили на Ирак, откако “Исламска држава” зазеде една третина од земјата во 2014 година.

Напад во Берлин: Вооружени отворија оган врз минувачи, има жртви!

Силите влегле во една од зградите и имаат намера да напредуваат претпазливо во остатокот од комплексот, бидејќи стравуваат од поставени експлозиви.

Се смета дека членовите на “Исламска држава” избегале на североисток од Рамади. Армијата се бореше со џихадистите за градот неколку недели.

Слични содржини