437
Илјадници корисници на YouTube низ целиот свет, во последните неколку часа, известуваат дека репродукцијата на видеа на таа видео-платформа не работи. Во Македонија, сепак, не беа забележани никакви проблеми.
Извештаите за прекин на работата започнаа да пристигнуваат нешто пред 12 часот, а повеќето од нив се однесуваа на неможноста за пуштање на видеа, пренесуваат британските медиуми.
Според страницата „Даун Детектор“, која ги следи проблемите во работата на најважните онлајн платформи и услуги, во Велика Британија се регистрирани околу 8.000 случаи, а во САД околу 22.000. Мал број на корисници исто така пријавија неможност за најавување на платформата.
YouTube сè уште не го коментираше ова прашање.