Корисниците на интернет услугите на Гугл од целиот свет пријавуваат проблеми со функционирањето на „Гугл аналитикс“, додека некои корисници имаа компликации при „најавување“ на е-пошта на Гугл.
Засега никој од компанијата не објави за падот на „Гугл аналитикс“, додека од официјалниот Твитер профил, како одговор на еден корисник, тие рекоа дека немаат информации за „падот“ на мрежата.
За потсетување, социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм паднаа на 4 октомври, а илјадници корисници ширум светот не можеа да пристапат до нив неколку часа.