Вселенската агенција на САД планира за утре вечер тест на огромен падобран за летачката чинија при тестирање на нова технологија за слетување на Марс, пренесе АФП. Тоа се очекува околу 20.30 часот и може да биде набљудувано на сајтот на НАСА.
Целта е испраќање на потешки апарати на Црвената планета.Таму приземјувањето се отежнува од разредена атмосфера, а брзините бараат доста здрав падобран.
“Чинијата” тежи речиси 3100 килограми – двојно повеќе од успешно слетаните помагала на Марс. Падобранот е со дијаметар од 30 метри. Тој се разликува од оној во јуни 2014 година, кога беше извршен прв ваков тест. Тогаш падобранот не се отвори при висока брзина и на голема височина. НАСА објави дека оттогаш научниците се стекнале нови знаења за овие физички процеси.