Падот на богатството на Маск го собори светскиот рекорд

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Елон Маск го собори светскиот рекорд и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем губитник во историјата бидејќи загуби речиси 165 милијарди долари од ноември 2021 до декември 2022 година.

Овие бројки се засноваат на податоци од „Форбс“, но од „Гинис“ велат дека други извори укажуваат дека загубите на Маск би можеле да бидат поголеми, пренесе Би-Би-Си.

Падот на богатството на Маск следи по падот на вредноста на акциите во неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“, откако таа го купи „Твитер “минатата година.

Неговото преземање на социјалната мрежа за 44 милијарди долари предизвика загриженост кај инвеститорите дека Маск повеќе не посветува доволно внимание на „Тесла“.

Загубите на Маск од ноември 2021 година го надминуваат претходниот рекорд од 58,6 милијарди долари, што го претрпе јапонскиот технолошки инвеститор Масајоши Сон во 2000 година.

Проценетата загуба се базира на вредноста на неговите акции, кои би можеле да ја вратат нивната вредност, што значи дека богатството на Маск би можело повторно да се зголеми.

Слични содржини