ЗЕМЈАТА не била секогаш планета богата со кислород и животот кој цвета благодарение на него. Во новата студија објавена во списанието „Nature Geoscience“, научниците предвидуваат дека нивото на кислород ќе почне да опаѓа во одреден момент во иднина, така што нашата планета повторно ќе стане богата со метан и сиромашна со кислород, како што беше во далечното минато, пред големата оксидација (ГОЕ) која се случи пред 2,4 милијарди години.
Ова најверојатно нема да се случи во следните милијарда години. Но, кога доаѓа промената, таа ќе дојде прилично брзо.
Во својата студија, научниците истакнуваат дека состојбата на планетите во кои се богати со кислород генерално не е стабилна, што, меѓу другото, има импликации во потрагата по вонземски живот.
„Моделот предвидува дека атмосферската деоксигенација, при што атмосферскиот О2 нагло паѓа на нивоа што потсетуваат на архаичната Земја, најверојатно ќе биде активирана пред почетокот на влажните услови на стаклена градина во климатскиот систем на Земјата и пред големата загуба на површинските води од атмосферата“, истражувачите напишале во резимето на својата работа.
Кислородот ќе исчезне пред водата
Тоа ќе биде крајот на патот за човечките суштества и повеќето други форми на живот кои се потпираат на кислород за да преживеат, па затоа треба да се надеваме дека во следните милијарда години ќе научиме како да колонизираме и евентуално да направиме трансформација на други планети.
За да дојдат до заклучоци, истражувачите спроведоа детални модели на биосферата на Земјата, земајќи ги предвид промените во светлината на Сонцето и соодветниот пад на нивото на јаглерод диоксид, бидејќи тој гас се распаѓа со зголемување на температурата. Помалку јаглерод диоксид значи помалку организми кои имаат способност да се фотосинтезираат, како што се растенијата, што пак резултира со помалку кислород што го произведуваат за време на фотосинтезата.
Научниците претходно предвидуваа дека зголеменото сончево зрачење ќе ја испари водата од океаните од лицето на Земјата за околу 2 милијарди години, меѓутоа, новиот модел – базиран на нешто помалку од 400.000 симулации – покажува дека намалувањето на нивото на кислород ќе биде првата причина која ќе убие најголем број животи.
„Падот на нивото на кислород е многу, многу екстремен“, рече Крис Рајнхард од Технолошкиот институт во Џорџија за „New Scientist“ претходно оваа година.
„Зборуваме за милион пати помалку кислород отколку што постои денес.
Вонземски живот треба да се бара врз основа на разни биосигнали
Оваа студија е особено релевантна денес поради напорите на научниците да откријат вонземски живот. Се повеќе моќни телескопи ги објавуваат своите податоци на интернет, а научниците сакаат да знаат што би требало да бараат во нив.
Можно е да бараме други биосигнали освен кислород за да имаме најдобри шанси да забележиме живот, велат истражувачите.
Нивната студија е дел од проектот на НАСА наречен NExSS (Nexus for Exoplanet System Science), кој ја истражува можноста за живеење на други планети.
Според пресметките на Рајнхард и научникот за животна средина, Казуми Озаки од Универзитетот Тохо во Јапонија, микробниот живот може да продолжи долго откако ќе исчезнеме од Земјата.
„Атмосферата по високата деоксигенација се карактеризира со зголемено ниво на метан, ниско ниво на СО2 и отсуство на озонска обвивка“, рече Озаки.
„Системот на Земјата најверојатно ќе биде свет на анаеробни форми на живот“, додаде тој.