153
Полската армија дошла до заклучок дека падот на украинската ракета на територијата на Полска е несреќен случај.
Ова го изјави претставникот на Министерството за национална одбрана на Полска, Михаил Марчињак.
„Во врска со настанот во Пшеводово, треба да се каже дека се работи за несреќен случај, предизвикан од големиот интензитет на борбите зад нашата источна граница“, изјави Марчињак за новинарите.
Тој додаде дека, од оперативна гледна точка, областа не била заштитена со противвоздушна одбрана, за разлика од блискиот град Жешов, кој има неколку нивоа на противвоздушна и противракетна одбрана.