Падот во понудата на паметни телефони не ја одмина и Кина

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Луѓето од целиот свет купувале помалку паметни телефони минатата година и ова е очигледно дури и во Кина – најголемиот пазар на мобилни телефони.

Според ИДЦ, пазарот на паметни телефони во Кина се намалил за 15,7 отсто во последниот квартал. Севкупно, падот за годината е 4,9 проценти во споредба со претходната година.

Веста доаѓа во позадина на тврдењето, дека последниот квартал од 2017 година ни го донесе најголемиот пад во продажби на смартфони во рок од еден квартал.

ИДЦ го објаснува ова со неодамнешните традиционални причини, како што се бавниот циклус на надградба на поновите модели и недостатокот на доволно атрактивни карактеристики во истите, за да ги мотивираат купувачите. Во 2017 година, на пазарот на паметни телефони во Кина доминираат локалните брендови, со 75,6 проценти од уделот, во споредба со 66,5 проценти во 2016 година.

Од нив со 20.4 проценти Huawei е најпретпочитана марка. Компанијата има донесено 90.9 милиони уреди. Следат Oppo со 18.1 проценти удел и Vivo со 14,4 проценти. Во исто време Apple ја отстапи четвртата позиција, на која дојде Xiaomi. Сепак Apple останува лидер во сегментот на најскапите модели (над 600 долари), откако таму држи 85%.

Од ИДЦ додаваат дека малите играчи на овој пазар продолжуваат да губат позиции и нивното влегување во топ 5 станува речиси невозможно. Ситуацијата е комплицирана за фокусирани на локалниот пазар производители, бидејќи неговото забавување ќе влијае многу на нивните финансиски приходи, ако не успеат да влезат на другите пазари.

Huawei одржа успешна кампања и ги зајакна своите позиции на странски пазари, а Xiaomi се бори со Samsung за првата позиција во еден од најбрзо растечките пазари во моментов – Индија.

Слични содржини