Пахор: Oдложувањето на приемот на Србија во ЕУ може да доведе до долгорочни ризици од нестабилност во регионот

од Milan1
15 прегледи

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор оцени денеска дека одложувањето на приемот на Србија во ЕУ може да доведе до долгорочни ризици од нестабилност во регионот. Тој повика на побрз заеднички пристап на земјите од Западен Балкан во Европската унија, предупредувајќи на ризиците од одложување на пристапувањето на Србија.

Пахор предложи групна интеграција на земјите од Западен Балкан, според моделот на проширување од 2004 година, доколку, на пример, до 2030 година овие земји ги исполнат „основните услови“ за членство во ЕУ, пренесува СТА.

Зборувајќи за портфолиото за проширување на ЕУ, предводено од еврокомесарката за проширување, Марта Кос, Пахор истакна дека тоа е првенствено порака до Украина и Русија дека Брисел ја гледа Украина во својата област на интерес и ќе направи се за таа станува член што е можно поскоро.

Тој рече дека постои сомневање дека новиот план ќе го забрза проширувањето на ЕУ и оти верува дека е создаден за Украина, а не за Западен Балкан.

Слични содржини