Пахор: Проширувањето на ЕУ кон регионот е геополитичко прашање од прв ред

од Nikola Popovski
319 прегледи

Словенечкиот претседател Борут Пахор од Преспанскиот форум за дијалог изјави денеска дека проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан е геополитичко прашање од прв ред.

„Најдобро би било ако ЕУ одлучи брзо да ги вклучи сите земји од Западен Балкан и соодветно да донесе стратегија за проширување“, рече Пахор.

Тој оцени дека бавното темпо на проширување влијае на растечкиот национализам и влијанието на трети страни во земјите од регионот и дека проширувањето ќе ги намали идеите за промена на границите, кои, како што вели, ги отфрлаат.

На панелот, кој ја имаше темата за синергија помеѓу САД и ЕУ, Пахор оцени дека Соединетите Американски Држави се потребен партнер.

Слични содржини