Пред почетокот на седницата на Собранието на Косово во собраниската сала денес повторно беше активиран солзавец.

Пратениците на Собранието на Косово излегле од салата, а пред Работното претседателство на Собранието стојат пратеници на движењето Самоопределување и Алијансата за иднина на Косово.

CRWNCSKWUAADwv5

Косовската полиција од денес применува дополнителни мерки за обезбедување на влезот на Собранието на Косово, а низ таа контрола поминала и претседателката на Кософо Арифете Јахјага, чија канцеларија е во истата зграда.

 

Контролата ја поминал и претседателот на Собранието на Косово Кадри Весељи, кој е вратен на дополнителен преглед откако детекторите реагирале, бидејќи заборавил некој метален предмет во џебот.

 

Низ контролата поминале и лидерот на Самоопределување, Висар Имери, и пратениците на истата партија Албин Курти, Албулена Хаџиу и Глаук Коњуфца.

 

Приштинските медиуми јавуваат дека први во зградата влегле потпретседателот на Собранието, Џавит Хаљити и лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, на кои не им била извршена контрола.

 

Претседателството на Собранието побарало построга контрола за влез во зградата, откако пратеникот Аљбин Курти минатата недела активираше солзавец во салата, поради што седницата беше прекината.

Слични содржини