Пакистан: Бомбашот самоубиец, кој уби 101 лице во џамија, бил маскиран во полицаец

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Бомбашот самоубиец, кој уби 101 лице во џамија во северозападен Пакистан, бил маскиран во полициска униформа и затоа не предизвикал сомнеж кај безбедносните сили, кои не го претресле, изјави денеска началникот на полицијата во Пешавар, Моазам Јах Ансари.

„Да, признавам дека тоа беше безбедносен пропуст и ја преземам одговорноста за тоа“, рече Ансари.

Тој на прес-конференција рече дека напаѓачот е идентификуван и дека полицијата е блиску до апсење на членовите на мрежата зад нападот во понеделникот, кој беше еден од најсмртоносните досега во Пешавар, главниот град на провинцијата Хајбер Пахтунхва, пренесе АП.

Во експлозијата се урна покривот на џамијата стара 50 години, при што загинаа 101 лице, главно полицајци, а 225 лица беа повредени.

Десетици полицајци се приклучија на мировниот марш организиран од членови на граѓанските групи во Пешавар во средата, барајќи заштита од припадниците на безбедносните сили.

Слични содржини