Пакистан подготвен да употреби нуклеарно оружје, Моди и даде зелено светло на војската да се одмазди

од Milan1
125 прегледи

Министерот за одбрана на Пакистан вчера предупреди дека воениот упад од соседна Индија е прашање на време.

„Ги зајакнавме нашите сили бидејќи сега е неизбежно. Во таква ситуација, мора да се донесат некои стратешки одлуки, па затоа тие одлуки се донесени“, изјави пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Мухамед Асиф во интервју за Ројтерс.

Асиф нагласи дека индиската реторика се интензивира и дека пакистанската армија ја информирала владата за потенцијален индиски напад. Тој не навлезе во детали за причините зошто смета дека воената интервенција од страна на Индија е неизбежна.

Асиф изјави дека Пакистан е во состојба на висока готовност и ќе го употреби својот нуклеарен арсенал само ако „постои директна закана за нашиот опстанок“.

Министерот за информации на Пакистан: Индија подготвува напад

Министерот за информации на Пакистан, Атаула Тарар, вчера изјави дека неговата земја има веродостојни разузнавачки информации дека Индија има намера да започне воен напад во следните 24 до 36 часа.

„Пакистан има веродостојни разузнавачки информации дека Индија има намера да започне воен напад во следните 24 до 36 часа, користејќи го инцидентот во Пахалгам како лажен изговор“, рече Тарар во објава на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека секој чин на агресија ќе биде пресретнат со решителен одговор.

„Индија ќе биде целосно одговорна за сите сериозни последици во регионот“, објави тој.

Индиска армија: Пакистански војници отворија оган

Индиската армија тврди дека пакистанските војници отвориле неселективен оган од лесно оружје без никаква провокација од позициите преку Линијата на контрола, де факто границата меѓу двете земји.

Пукањето, кое започнало од лесно оружје, било пријавено од пакистански позиции во секторот Паргвал долж Меѓународната граница (IB) во округот Џаму и во секторите Сундербани и Наушера во округот Раџури.

Ова е шеста ноќ по ред како Пакистан го прекршува прекинот на огнот долж линијата на контрола, во услови на зголемени тензии меѓу Њу Делхи и Исламабад по неодамнешниот терористички напад во Пахалгам, тврди индиската армија.

Моди даде зелено светло за одмазда

Индискиот премиер Нарендра Моди претходно „оперативна слобода“ на војската да одговори како што сака на нападот во индиски Кашмир.

Слични содржини