Пакистанската војска спаси четири од децата кои висат на жичницата над провалија

од Radmila Tasevska
278 прегледи

Во високо ризична операција поради силни ветришта, пакистанската војска денеска спаси четири деца од осум лица заробени во жичница што виси над длабока бездна откако се скина кабел.

Седум ученици и еден наставник останале заглавени во жичницата од 7 часот наутро додека патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите.

Две деца се спасени, изјави портпаролот на агенцијата за спасување и претставник на областа. Операцијата продолжува, а засега нема други детали.

„Жичницата останала да виси од една сајла, откако другата се откинала на половина пат преку провалија на 274 метри над земјата. Спасувачката мисија е отежната поради бурните ветрови во областа и фактот дека лопатките на роторот на хеликоптерот може дополнително да ја дестабилизираат кабината на жичарницата, изјави Ријаз Катак, претставник на спасувачката служба.

„Нашата ситуација е неизвесна, направете нешто…“, рекол преку телефон за локален телевизиски канал, 20-годишниот Гулфараз, кој се наоѓа во кабината на жичницата, апелирајќи до властите да ги спасат што е можно поскоро.

Тој рече дека останатите ученици се на возраст од 10 до 15 години, а еден се онесвестил од жештината и стравот.

Слични содржини