Луѓето кои убија либералниот политичар Борис Немцов на 27 февруари, не очекувале да бидат уапсени.

Откако го застрелале Немцов во грбот во центарот на Москва, не ја преминале реката, за да го напуштат градскиот центар. Наместо тоа го заобиколиле Кремљ, поминале покрај рускиот парламент, и свртеле кон добро осветлената полупешачка улица. Тие дури и не го запалиле автомобилот со кој избегале.
Ова дрско однесување доведе до сомневање дека убијците може да се чеченските професионални убијци како оние кои работат за претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, кој до овој момент е голем пријател и (фан) на рускиот претседател Владимир Путин. Сега некои се прашуваат дали овој вид на солиден пакт меѓу Путин и г-дин Кадиров не стана премногу скап за рускиот лидер.
Поранешен бунтовнички командант, Кадиров беше извлечен од неизвесноста од рускиот лидер и назначен за претседател на некогаш немирната кавкаска република, наследувајќи го својот татко, кој беше убиен. Путин ма ја даде на Кадиров слободата да не ги почитува руските закони и да разчиства слободно сметки. Во последната деценија Чеченската Република практично стана посебна исламска држава под власта на Кадиров. Тој располага со сопствена армија од 20 илјади луѓе, својот (неофицијална) даночен систем и религиозни закони.
Како најсилен регионален лидер во Русија Кадиров распослал влијание во целата земја. Неговите насилници уживаат посебен статус во Москва. Еднаш кога Федералната служба за безбедност (ФСС), А уапси група луѓе на Кадиров за киднапирања, мачење и уцена во главниот град, тие беа ослободени. Неколку гнасните убиства исто така ги извадија уапсените чеченци неказнето.
Откако храбрата новинарка Ана Политковскаја беше убиена во 2006 година, главниот осомничен замина за Чеченија и живееше во близина на Кадиров. Тој беше осуден на доживотен затвор по истрагата на колегите на убиената новинарка, но нарачателите на убиството не беа обелоденети.
По смртта на Наталија Естемирова, заштитничка на човекови права, убиена во Чеченија по закани од Кадиров, никој не понесе одговорност.
Еден од старите ривали на Кадиров, Руслан Јамадаев, беше убиен меѓу густ уличен сообраќај до државна зграда во Москва. Неговиот брат, кој командуваше со проруска единица против Грузија, беше ликвидиран во Дубаи, каде што полицијата издаде налог за апсење на Адам Делимханов, десна рака и роднина на Кадиров.
Во 2009 година екстелохранител на Кадиров, кој направи откритија за тортура и егзекуции извршени од неговите поранешни шефови, беше убиен во Виена.
Малкумина се изненадија кога на 8 март Александар Бортников, шефот на ФСС, објави дека за убиството на Немцов се уапсени петмина мажи, вклучувајќи го и Заур Дадаев, поранешен командант на “Северниот баталјон”, составен од нередовната војска на Кадиров.
Всушност единствениот човек кој изгледаше шокиран беше Кадиров, кој дава чудни изјави по убиството на Немцов. На денот на убиството тој напиша на Инстаграм дека виновниците се западни агенти. По апсењето на Дадаев повторно даде изјава: “Го познавам Заур како вистински патриот. Тој е верен на Русија и секогаш бил подготвен да го даде својот живот за неа. Дури судот да ја потврди неговата вина, тој не може да направи ништо против Русија.” (Малку потоа Дадаев се откажа од признанието)
Во својата изјава во Инстаграм Кадиров навести дека Немцов може да е убиен, бидејќи осудил терористичкиот напад против францускиот неделник “Шарл ебдо”. Реакцијата на самиот чеченски лидер беше поинаква: тој поведе огромна поворка во главниот град Грозни против “Шарл”, но не поради убиството на уредувачкиот му состав.
Руските безбедносни служби тврдат дека Дадаев и неговите соучесници го планирале и извршиле убиството на Немцов. Ова покренува многу прашања. Малкумина аналитичари веруваат дека нешто во кое се вмешани чеченските борци, се случува без знаење на Кадиров и Делимханов.
Истото сепак важи и за ФСС, чии агенти се следеле Немцов. Како и секогаш, во Русија постојат повеќе теории отколку факти. Некои прашуваат дали ФСС не прибегнала кон убиството, за да си го расчисти сметките со Кадиров.
Помеѓу високото руско воени раководители и газдите од безбедноста и кампот на Кадиров постои непријателство. Руските офицери во Чеченија негодуваат од политичката власт на Чеченците, кои некогаш биле нивни непријатели. Во 2010 година, руските сили го обвинија Северниот баталјон дека ги предал за време на судирите со бунтовниците. Додека пред Путин се колне во во верност, на своето земјиште Кадиров се фали дека заработил независност, без да се тепа со Москва.
Реакцијата на Кадиров кон апсењето на Дадаев зборува за жестока битка меѓу силите кои пред тоа биле обединети околу Путин: ФСС и чеченските пријатели. Како што напиша либералниот весник “Новаја газета”, “два столба на Кремљ се судрија и сега тргнале во спротивна насока, принудувајќи г Кремљ да избира кој е вистински руски патриот.”
Влоговите се огромни; Путин се обидува да задржи барем привидна стабилност и оваа недела ја врачи планираната награда на Кадиров. Ако чеченскиот лидер ја загуби поддршката на Кремљ, ќе се најде во опасност, бидејќи постојат многу крвни непријатели, велат аналитичарите.
Путин, исто така има потреба од Кадиров, за да го чува редот во Чеченија. Нивната врска сепак е нестабилна. “Договорот меѓу Кадиров и Путин – пари во замена за посветеност – оди кон својот крај. Каде ќе одат 20-те илјади војници на Кадиров? Што ќе побараат? Што ќе направат? Кога ќе одат во Москва?” Овие реторички прашања беа поставени од Немцов малку пред да биде убиен.