229
Малку поинакви и многу вкусни палачинки.
Состојки:
– 150 гр брашно
– 50 гр мелени ореви, лешници, бадеми по желба
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка цимет
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 2 јајца
– 240 мл млеко
– 2 рендани јаболка
– 2 лажици овесни снегулки
– 2 лажици мед
Подготовка:
Измешајте го брашното со сите суви состојки. Јајцата изматете ги со жица, додадете млеко, мед и убаво измешајте.
Потоа додадете брашно помешано со сувите состојки и рендани јаболка.
Мешајте додека убаво не се соедини.
Оставете го тестото да отстои 20 минути.
Загрејте ја тавата, ставете многу малку масло и пржете ги палачинките додека убаво да поруменат од двете страни.
Филувајте по желба.