Палачинки со овеснo брашно

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Состојки:

– 2 банани

– 2 јајца

– 200 гр овесно брашно

– 1 лажица шеќер

– неколку лажици сок од лимон

– прстофат сол

Подготовка:

Излупете ги бананите, исечете ги и потоа изгмечете ги со вилушка.

Додадете шеќер, сол, јајца и сок од лимон, а потоа изматете ја смесата рачно или со миксер. На крајот додадете го овесното брашно.

Доколку имате блендер, смесата можете да ја направите и во него. Само ставете ги сите состојки во машината и измешајте.

Смесата е веднаш подготвена за печење.

Слични содржини