338
Состојки:
– 700 гр тиквички
– млад кромид
– 250 гр фета
– 1 лажица мелена пиперка
– 130 гр брашно
– 3 јајца
– лимон
– сол, бибер
– масло
Подготовка:
Тиквичките изрендајте ги, посолете ги, па ставете ги на крпа 20 минути да се ослободи вишокот течност.
Измешајте сечкан кромид и фета, па додајте мелен пипер.
Додадете брашно, сол и бибер, а потоа изматените јајца. Измешајте сè.
Тиквичките добро исцедете ги во крпа, па додајте ги во смесата која ќе биде со грутки, но така треба.
Вадете од смесата во тава со загреано масло, па израмнете со лажица.
Пржете околу две минути од секоја страна. Послужете со лимон.