375
Вчера околу 13:00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на место викано „Петини рид“, атар на с.Луке, кривопаланечко, М.Д.(37) од Крива Паланка, додека бил на лов, бил погоден од залутано зрно и се здобил со тешки телесни повреди.
Од МВР известуваат дека тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.