437
Шинис Паласиос од Никарагва стана првата Мис на Централна Америка која беше крунисана за Мис Универзум за време на 72-та година од изборот што се одржа во Ел Салвадор.
За прва придружничка е избрана Антонија Порсилд од Тајланд, а втора е Мораја Вилсон од Австралија, пренесе агенцијата Ефе.
Трите финалистки беа избрани од група од пет кандидати, во која имаше и претставници на Порторико и Колумбија.