Палчо е на пат кон Шутка: Безбедносните служби го транспортираат во затворот

од Илинка Илиоска
276 прегледи

Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски пристигна на македонско тло и во моментов, безбедносните служби го транспортираат во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бидејќи веќе има решение за 30-дневен притвор. Се очекува на распит пред истражен судија, а за него обезбедена е и посебна ќелија каде ќе биде под специјален безбедносен режим.

На 30 април македонските власти добија официјално известување од турска страна дека е одобрена екстрадицијата.

По одобрувањето, екстрадицијата се спроведе во организација на Министерството за внатрешни работи.

Палевски избега, но на 5 декември беше уапсен во Беликсир, Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство.

За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор.

На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Слични содржини