Посната храна не значи дека е и здодевна. Таа всушност е богата со бројни рецепти кои ќе продолжите да ги готвите дури и откако постите ќе завршат.
Палентата со сос од печурки е одлична и за ручек и за вечера.
Состојки:
160 гр праз
650 гр домати
400 гр свежи печурки
200 гр домашен кечап
200 гр палента
Лук по вкус
120 гр црвена леќа
Сол, зачини, босилек, магдонос
Подготовка:
Палентата сварете ја вообичаено, сипете ја во тепсија и кога ќе се излади, исечете ја на коцки. Сварете ја црвената леќа, а исецканиот праз динстајте го на масло додека омекне. Додадете ги печурките, а по десет минути и исецканите излупени домати. Зачинете, па додадете го доматниот сос. Ставете малку бело вино и зачинете со босилек.
Со сосот прелијте ги парчињата палента. Ако сакате можете ова јадење да го направите и без масло. Тогаш празот наместо да го динстате, го варите заедно со сите состојки.