Палестински фудбалер и неговото семејство загинале во израелски напад врз Газа

од Nikola Popovski
419 прегледи

Палестинскиот фудбалер Ахмад Абу ал Ата и неговото семејство загинаа во израелски воздушен напад врз нивната куќа во градот Газа, соопшти денеска Палестинскиот фудбалски сојуз (ПФА).

Во соопштението се вели дека Абу ал Ата (34), кој играше како дефанзивец за тимот на Ал-Ахли Газа, е убиен заедно со неговата сопруга Руба Есмаел Абу ал-Ата и нивните две деца, објави Ројтерс.

Локалните медиуми соопштија дека израелскиот воздушен напад бил извршен во петокот, но од ПФА не прецизираа датум.

ПФА минатиот понеделник објави дека меѓународниот фудбалски судија Хани Месмех починал откако бил ранет во израелски воздушен напад во Појасот Газа во мај.

Повеќе од 300 спортисти, судии и спортски функционери се убиени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година, изјави претседателот на Палестинскиот олимписки комитет Џибрил Раџуб претходно овој месец.

Слични содржини