202
Во израелско бомбардирање убиени се 76 лица од семејството Ал-Муграби, соопштија денеска палестинските спасувачи.
Портпаролот на Одделот за цивилна одбрана во Газа, Махмуд Басал, изјави дека нападот врз зградата во градот Газа е меѓу најсмртоносните во 12-неделната војна меѓу Израел и Хамас.
Тој објави и нецелосен список со имињата на убиените од семејството Ал-Муграби.
Меѓу убиените се Исам ал-Муграби од Програмата за развој на ОН, неговата сопруга и нивните пет деца.
– Загубата на Исам и неговото семејство длабоко не погоди сите нас. ОН и цивилите во Газа не се цели. Оваа војна мора да заврши, рече Ахим Штајнер, шеф на Програмата на ОН.
Според властите во Газа, досега се убиени повеќе од 20.000 Палестинци, а најмалку 53.000 се ранети.