Палестински власти: Раселувањето на Палестинците „црвена линија што не треба да се помине“

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Палестинските власти го нарекоа принудното раселување на жителите на Газа „црвена линија“ која не треба да се премине.

Израел минатата недела нареди 1,1 милион Палестинци да се евакуираат на југ додека се подготвува за офанзива на теренот.

Многумина сега се засолнети во болници и кампови во јужниот дел на Газа, откако мораа да ги напуштат своите домови.

Во соопштението, палестинското раководство истакнува дека идејата за раселување е „црвена линија што нема да дозволиме да се помине, исто како што не треба да се дозволи раселување на Палестинците од нивните домови во Ерусалим или на Западниот Брег“.

Слични содржини