Палестинскиот МНР: Израел води одмаздничка војна против Појасот Газа

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики денеска изјави дека израелската офанзива на Појасот Газа е „војна за одмазда“ и повика на прекин на „едностраната агресија“.

„Овој пат војната што ја води Израел е поинаква. Овој пат тоа е војна за одмазда“, рече Ел Малики во Хаг, според „Тајмс оф Израел“.

Тој смета дека прво треба да се прекине оваа „еднострана агресија“, а потоа да се повика на прекин на огнот.

Слични содржини