Палестинскиот премиер ги повика ОН и ЕУ да фрлаат помош за Газа од воздух

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Палестинскиот премиер Мохамед Стајех денеска ги повика ОН и Европската унија „да фрлаат помош од воздух“ во Појасот Газа за да ги поддржат цивилите заробени во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

„Ги повикувам Обединетите нации и Европската унија да ја фрлаат помошта од воздух за Појасот Газа, особено на северот, како што е направено многу пати низ светот“, рече Стајех за време на советот на министрите на палестинската управа во Рамала во окупираниот Западен Брег.

Војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас започна на 7 октомври. Во неколку наврати, меѓународната заедница повика на прекин на огнот или хуманитарни прекини, за испорака на помош за ранливото население.

Слични содржини