186
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја повика Германија и другите европски земји да ја признаат државноста на Палестина и да ги поддржат неговите напори за изнаоѓање решение за блискоисточниот конфликт.
Во извештајот на турската агенција „Анадолија“ се наведува дека Абас рекол дека признавањето на државноста на Палестина ќе помогне и ќе го поддржи изнаоѓањето решение.
„Сè што сакаме е слобода и стабилност во суверена и демократска држава каде што сите граѓани ќе уживаат еднакви права“, рече Абас, критикувајќи ја израелската влада за поткопување на мировните напори и спроведувањето на „систем на апартхејд“ против палестинскиот народ.