Памела Андерсон го промени животот од корен: Ги извади силиконите и престана да се шминка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
900 прегледи

Памела Андерсон важеше за една од најатрактивните жени, со заводливо однесување и став, а привлечноста ја задржа и ден денес, иако драстично го промени стилот и изгледот.

Памела Андерсон одлучи да го промени својот живот од корен, па се вратила во семејната куќа.

Тоа не е единствената промена, популарната актерка се врати и на природниот изглед и желбата да живее автентичен живот. Како што кажа и самата, кога се „ослободила од шминката“, повторно се почувствувала слободна.

Памела Андерсон е родена во Лејдисмит, Британска Колумбија на први јули 1967 година. Нејзиниот подем до слава и кариера започна кога беше откриена на фудбалскиот натпревар на Британска Колумбија Лајонс. Нејзината фотографија се појави на екранот на стадионот и ја заинтригира публиката, со што ја започна нејзината манекенска кариера.

Памела Андерсон стана позната преку ноќ, а потоа се пресели во Лос Анџелес за да ги следи своите соништа и да започне да гради актерска кариера.

Покрај подемите и падовите во кариерата, нејзиниот приватен живот беше полн со предизвици. Бурен пресврт се случи кога нејзиното приватно видео со Томи Ли беше украдено и дистрибуирано на Интернет. Поради овие проблеми, таа ја бараше правдата на суд, а подоцна се разведе од Ли на крајот на 1998 година.

По смртта на нејзиниот шминкер Алексис Вофел, по долго и тешко боледување, но и по бурниот љубовен живот, Памела реши да донесе значајни животни одлуки и да ги промени своите навики и изглед. Таа престана да се шминка и ги отстрани своите импланти од градите.

Андерсон го реновирала семејниот дом на нејзините баба и дедо за 2,9 милиони долари, откако го продаде замокот на плажата во Малибу во кој живее со децении за 11,8 милиони долари.

Актерката откри дека имала желба да се врати на своите корени. Сега ужива во самотијата и мирот, споделувајќи го своето засолниште покрај езерото со пет лојални кучиња.

Слични содржини