Памела Андерсон проговори за сексуалното злоставување кое го доживеала во детството

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Актерката Памела Андерсон отворено зборуваше за тоа дека имала тешко детство и дека неколку пати била жртва на сексуално злоставување.

Ѕвездата на серијата „Baywatch“, Памела Андерсон неодамна за магазинот „People“ проговори за своето тешко детство и дека била жртва на сексуално злоставување.

Како што наведува, првобитно била злоставувана од дадилката, а потоа на 12 години ја силувал маж.

„Во мојот случај тоа беше дадилката која многу рано ме сексуализираше, ме тераше да играм чудни игри на нејзиното тело. Ми се закани никому да не кажувам“, изјавила Андерсон.

Андерсон наведува дека во сето тоа настојувала да го заштити својот брат за тој да не го доживее тоа што го преживеала таа. Долго време ѝ било срам поради сè што се случило, но признала дека тоа ја направило посилна и со тоа сакала да им порача на сите кои поминале низ слични ситуации дека не се сами.

Да потсетиме, оваа 55-годишна актерка на 31 јануари ќе го претстави својот емотивен живот во документарецот „Pamela, A Love Story“. Како што наведе, таа е подготвена да го разоткрие својот личен живот.

Документарецот содржи искрена исповед за нејзините шест пропаднати бракови, а продукцијата ќе работи на нејзините сега веќе пораснати синови Брандон и Дилан Ли кои ги добила со Томи Ли. Токму нејзините синови се заслужни за тоа што ќе се објави документарецот.

Слични содржини