Памела Андерсон тврди дека ова е магичната реченица која ги навела мажите да ја запросат

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Актерката Памела Андерсон се мажеше пет пати, а во една прилика откри како успевала во тоа да биде запросена од речиси секој маж со кој била во врска.

Имено, таа во својот документарен филм „Памела, љубовна приказна“ објасни во што е „тајната“.

„Најдобар начин да се омажиш е да му кажеш на некого:’Никогаш нема да се омажам за тебе’. Во рок од шест месеци, сигурно ќе се омажите. Но, треба да бидете сериозни во врска со тоа. Како, никогаш да нема да се омажите за таа личност“, навела Памела.

@marinainmiami It’s still a no from me dawg- but i need a case study done on this and shut up rings #shutupring #dating #relationship ♬ original sound – Marina Neuman

Американскиот модел Марина Њуман неодамна објави видео на TikTok во кое зборува за тоа како почнала да го применува „Златното правило на Памела“, и дека имала позитивно искуство.

Слични содржини