Паметна нараквица го следи шеќерот на дијабетичари

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Група технолошки компании развија нараквица за следење на шеќерот во крвта на дијабетичари. Бразлетната се поврзува преку Bluetooth со паметен предавател за „постојан гликозен мониторинг“ (ПГМ).

Уредот го следи и покажува нивото на шеќер во крвта, активностите, спиењето, срцевиот ритам. Тој може да сигнализира опаѓање на нивото на шеќер во крвта. Се управува со смартфон и има LTE-M / Cat-M1 врска кон „облакот“, за да не зависи од паметните телефони за добивање на мрежна покриеност.

Оваа нараквица буди надеж за поспокоен живот за луѓето со дијабетес, се надеваат хај-тек компаниите. Меѓу нив се Altair Semiconductor – развивач на LTE чипсети, Ericsson, Sony Mobile, како и производителот на сензорни системи – Senseonics.

Засега бразлетната е само прототип и „доказ за концепт“. Водечкиот технолошки партнер во заедничкиот проект Altair има вградено во бразлетната чипсет ALT1210, кој се одликува со исклучително ниска потрошувачка на енергија и минијатурна големина – фактори кои се од клучно значење за ваков тип на уреди.

Во присуство на „облачен“ здравствен систем, таква нараквица може не само да ги следи виталните знаци на корисникот и неговата шеќер во крвта, но и да праќа податоци на пациентот до неговиот личен лекар, кога е потребно прилагодување на дозата на лековите.

Слични содржини