“Интелигентен” тоалет кој ги крева капакот штом почувствува приближување и се чисти самиот, беше претставен на технолошкиот саем CES во Лас Вегас. Тој исто така се мие и суши откако некој ќе седне на него.
Тоалетите “Neorest” сè уште се во процес на развој, но над 40 милиони рани модели на цена близу 10 000 долари секоја веќе се продадени од производителот “Toto” во Јапонија.
На саемот беше демонстриран новиот модел на “Неорест”, со кој компанијата ќе влезе на европскиот и американскиот пазар. Самочистењето се случува преку комбинација на вбризгување на средство за дезинфекција и сјај со циркониум и титаниум диоксид.
“По пуштањето на водата се вбризгува електролизирана вода”, објасни портпаролот на “Тото” Ленора Кампос, цитирана од БиБиСи. Патентираниот процес ги убива сите бактерии и ја чисти внатрешноста на тоалетот. Од компанијата тврдат дека благодарение на него на корисникот нема да мора да ја чисти школката повеќе од еднаш годишно.