“Паметниот” Apple Watch распродаден за неколку минути

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Долгоочекуваниот “паметен” часовник Apple Watch веќе е достапен за првичните барања во онлајн продавницата на производителот.apple-watch-release-date-970-80

Интересно дека најскапите модели со цена од 10 000 до 17 000 беа распродадени во САД и Кина буквално во првиот час од почетокот на интернет пребарувањата, прецизира “Фајненшл тајмс”.

Некои модели, чија цена се движи од 349 до 17 000 исто се откупени уште во првите минути.Часовниците се достапни за продажба во Канада, Австралија, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Англија, САД и Хонг Конг.apple-watch-edition-price-release-date

Според познавачите производителот Apple примил 300 000 нарачки во првото деноноќие на продажбата, а во викендите се очекуваат 1 милион нарачки. Некои предвидуваат компанијата да продаде 8 милиони часовници за оваа фискална година што завршува во септември, а ќе заработи 4,4 милијарди долари. Други пак аналитичари веруваат дека компанијата може да продаде околу 14 милиони часовници.

“Епл часовникот” ги дуплира основните функции на смартфонот, може да одговара на повици, да испраќа пораки. Тој може да го мери пулсот и да плаќа купувања. Apple нуди различни модели, вклучувајќи и со златно куќиште.