Паметниот часовник на Tag Heuer ќе користи чип на Intel

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Tag Heuer е речиси подготвен со својот паметен часовник. Уредот ќе биде претставен на 9 ноември годинава, компанијата ја покажа првата слика на Twitter.

zx450y250_2627320

Според зборовите на компанијата часовникот е развиен во соработка со Google и Intel. Трите компании работат на проектот од почетокот на годината. Секоја од нив се концентрирала во својата најдобра сфера – Google во платформата Android Wear, Tag Heuer во дизајнот, а Intel – во чипови. Очекувано компаниите се доста возбудени за работа и сметаат дека имаат постигнато голем напредок во сегментот.

Цената на Tag Heuer Connected ќе е околу 1800 долари, што го става во прилично висока класа за цената. Компанијата навестува дека тој ќе може да се надоградува, но не кажува што точно ќе може да се менува.

Засега фирмите ги задржуваат повеќето детали околу уредот во тајност. Се очекува дека часовникот ќе ја користи платформата Quark на Intel, која може да се прилагоди според димензиите и дизајнот на даден паметен додаток. Партнерството на Google буди повеќе прашања, како на пример дали станува збор само за помош при измената на Android Wear, или компанијата предвидува да го направи часовникот предводник на целосно нова верзија на платформата, слично на уредите Nexus.

 Selection_001