Проект за смарт-шише, кој предупредува кога не пиеме доволно вода, собира спонзори во онлајн платформата “Кикстартер”.
Името на проектот е “ХидрејтМи” и тој веќе собрал 450 000 илјади долари донации во сајтот, кој им помага на претприемачите за финансска потпора на своите идеи.
Концептот на “паметно” шише е во тоа што кон него има прикачено апликација во која корисниците забележуваат колку вода сакаат да испијат во текот на денот. Тоа ќе може да ја следи потребата од хидратација и со физичка активност и времето наоколу. Ако носителот на шишето не пие доволно вода сепак, таа ќе почне да емитува мек сјај. Цената на уредот ќе биде 45 долари.