„Паметно утврден систем на фрази“: Еве како да препознаете манипулатор!

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Манипулаторите имаат паметно утврден систем на фрази што ги користат во комуникацијата и со кои манипулираат, ве користат вас и користат се за да избегнат разговор за нивниите грешки. Разговорот со нив е често исцрпувачки, бидејќи имате впечаток дека се вртите во круг и дека не можете ништо да докажете, а кај вешти манипулатори може се да заврши со голема измама – вие му се извинувате на манипулаторот, наместо манипулаторот да ви се извинува вас.

Употребата на манипулација во комуникацијата има за цел да ве измами, емоционално да ве повреди, да ве контролира и да ве искористи за своја корист. Постојат голем број фрази со кои ќе откриете манипулатор, но една реченица често доминира во ваквите разговори.

Манипулаторот честопати ќе ви каже „колку е невозможно да разговара со вас“. Обично тоа ќе го стори кога зборува за своите грешки и кога ќе се обидете да укажете на манипулацијата. Во оваа состојба, тој останува смирен и продолжува да манипулира, додека кај вас се појавуваат негативни емоции и ја губите контролата врз разговорот. Најчесто, овој вид дискусија завршува со реченицата „невозможно е да разговарам со тебе“, манипулаторот ја презема улогата на повредена и лута жртва, а вие се прашувате што нее во ред со вас и повторно ја губите самодовербата .

Манипулаторот го избегнува токму она што сакате да го направите: да зборувате за проблемот. Вообичаено е да ни кажат дека сме премногу емотивни, дека правиме „од мува слон“ и дека тие едноставно не можат да разговараат со нас. Тие нè обвинуваат за токму она од што и самите страдаат: лоши комуникациски вештини.

Во оваа врска, важно е првично да се препознаат знаците на манипулација и да се одговори на тоа на вистински начин.

Слични содржини