Брзи панцероти кои сигурно ќе ви се допаднат.
Состојки:
– 500 гр брашно
– 200 мл јогурт
– 100 мл масло
– 1 јајце
– 1 прашок за пециво
– 1 рамна лажичка сол
За полнење:
– 150 гр шунка
– 50 гр кашкавал
– 1 лажица кисела павлака
– 1 лажица мајонез
– 1 лажица кечап
– оригано
– 1 јајце за премачкување
Подготовка:
Во сад измешајте масло, јајце и јогурт, а потоа додадете 2 лажици брашно, прашок за пециво и сол. Постепено додавајте го целото брашно со постојано мешање. Оставете го тестото да отстои 10-15 минути додека го правите филот.
Изренданиот кашкавал и ситно сечканата шунка измешајте ги во сад. Потоа додадете павлака, мајонез, кечап и оригано. Повторно измешајте сè добро.
Тестото ставете го на набрашнета површина и развлечете го тенко. Користете чаша за да направите кругови. Тестото со рака истиснете го уште малку, па ставете малку фил и преклопете го за да направите полукруг. Притиснете вилушка во рабовите на полукругот.
Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се премачкуваат со јајце. Се пече на 200 степени околу 25 минути.