Панчев: Северна Македонија и Бугарија мора да бидат заедно во ЕУ

од Destan Jonuzi
218 прегледи

Северна Македонија и Бугарија мора да бидат заедно во ЕУ за да гарантираат развој на економски, културни и инфраструктурни врски, вели во изјава за „Локално“, Антон Панчев – историчар и аналитичар од Софија.

– Генерално, сите губиме на Балканот со застојот на европските интеграции, но процесот на членството треба да биде јасен и да се решат сите спорови, бидејќи во ЕУ не може да има конфликти меѓу соседите кои ќе го блокираат развојот на Унијата. Сигурно граѓаните на Северна Македонија губат многу и најмалата загуба е онаа за забавување на евроинтеграциите, а големата загуба произлегува од одбивањето на владеините чинители во Скопје да се откажат од тоталитарното минато, да ги осудат злосторствата на комунизмот, да ја расветли судбината на убиените и измачените луѓе, да ја прифати вистинската историја заснована на автентични документи и да го разбие стариот модел на градење држава и нација заснован на флагрантни фалсификати и на омраза кон соседите, подвлекува Панчев.

Според него, Бугарија многу и помогна на Северна Македонија во овие 31 година на сите полиња, но проблемот лежи во дискриминацијата на Бугарите во Северна Македонија, во уништувањето на бугарското културно наследство, во „расизмот“ во учебниците, во јазикот на омразата кон Бугарите воопшто.

Д.Ј.

Слични содржини