Пандов: Осудените за 27-ми април се херои

од Nikola Popovski

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, денеска присуствуваше на одбележување на 116 години од смртта на Христо Узунов и неговата дружина во Цер, кичевско, од каде што порача дека денешни современи херои се уставобранителите.

Тој посочи дека херои денес се уставобранителите.

„Жртвата која ја носат тие не може да биде поголема Тие сами ја одбија амнестијата, тие четири години се во затворите и се осудени за тероризам, а на сите им е јасно дека не се терористи. Веројатно тоа му е јасно и на Зоран Заев. Наше е во секој нареден ден да го спомнуваме за нивното херојско дело“, посочи Пандов.

Оттука Пандов повика на утрешниот протест за уставобранителите да има што повеќе граѓани.

За утре е најавен голем протест пред Собранието во центарот на градот, за лицата кои се во затвор, а кои беа осудени за нередите во Парлементот на кобниот 27-ми април.

Слични содржини