Пандов смета дека ќе има втор протест за поддршка на осудените за тероризам за 27-ми април

од Nikola Popovski

„Ќе има втор протест верувам, ако Заев продолжи граѓаните да ги множи со нула, а уставобранителите и понатака да ги нарекува терористи“, изјавил претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во гостување на Алфа телевизија, коментирајќи за вчерашниот протест пред Собрание, кој што беше за поддршка на осудените за тероризам за настаните на 27-ми во Собранието.

Тој напомена дека го радува фактот што и покрај корона-кризата, кога на дневна има по 30-40 смртни случаи, луѓето се одважиле и се охрабриле да излезат на протестот.

„Ова дефинитивно можеби не е крај, можеби не е ни почеток на крајот, но, секако, јас барем се надевам, дека е крај на почетокот. Ме радува што на тој протест доминантно беа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа имаше и огромен број на луѓе кои што се нормално опозиционо расположени, луѓе кои што не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на други партии“, вели Пандов.

Протестот за упадот во Собранието на 27 април предизвика дијаметрално спротивни ставови. За ВМРО ДПМНЕ вчерашниот протест ја отсликува реалната ситуација во земјата, а народот излегол на улица за слобода на уставобранителите. Владејачката СДСМ децидна – насилници не се уставобранители и никогаш нема да бидат.

– Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа воглавно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат апалузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Судирот и осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт, изјави министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Слични содржини