594
Незадоволството на граѓаните било акумулирано, тоа не било подгревано од наша страна, вели членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во емисијата „Само вистина“.
Според него, на луѓето им било укажано на штетната политика на премиерот Заев.
-Не се само потпишаните договори со Грција и Бугарија. Бројките со корона беа лоши, вакцини добивме во мај, аферата со обид за набавки на вакцини, пожарот во модуларната ковид-болница, но и неспособноста на кадрите, додава Пандов.