Мигрантите пак ризикуваат да фатат непривични за нив северноевропски вируси

Бегалците од Либија донесоа со себе болести кои не се среќаваат во Данска со децении, а самите мигранти ризикуваат да станат жртви на неппзнати за нивниот организмот северноевропски вируси.Двајца бегалци од Либија пренесоа во Данска дифтерија – заразна болест, која се пренесува т по респираторен пат . Последниот случај на болеста во земјата бил пред 18 години – во 1998 година.Дифтерија е бактериска болест која се смета за особено заразна и смртоносно, а се шири при кашлање и кивање и преку контакт со личните предмети на болниот. Metroexpress забележува дека по “инвазијата на мигрантите”, лекарите во Данска се почесто ставаат такви дијагнози како маларија и туберколоза, за кои во кралството беа заборавиле одамна. За оваа состојба делумно се виновни и властите во земјата, зашто иако вообичаена меѓународна практика е да се проверува здравјето на оние кои сакаат азил, Данците не ја превидувале оваа мерка.
Весникот забележува дека и самите бегалци можат да станат жртви на локалните инфекции, против кои тие немаат никаков имунитет за разлика од вакцинираните лица од автохтоно потекло. На речиси 20 000 бегалци во Данска не се извршени вакцинации во 2015 година. Од земјите во ЕУ – Норвешка, Германија и Холандија, исто така почнаа да ги проверуваат здравјето на мигрантите. Преглед на мигрантите покажаа дека тие пренесуваат со себе голем број егзотични болести, пишува Metroexpress.
Во меѓувреме, во Италија 27 бегалци беа дијагностицирани со Лајмска болест, а лекарите стравуваат дека свинскиот грип, жртва на кој станаа 117 лица во Иран и Турција , може да навлезат во Европа преку мигрантите. Шефот на програмата за вакцинација Роб Батлер, предупреди дека во Европа повторно се враќаат болести како сипаници, која е причина за смртта на 150 000 луѓе низ целиот свет.