Паника ! Десетици повредени во авион поради силна турбуленција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Некои од повредените се хоспитализирани
download (12)
Повеќе од 30 патници се повредени, откако авионот  кој патувал од Абу Даби кон Џакарта, наишол на зона на силна турбуленција над Индонезија. Инцидентот се случил кога машината “Ербас A330” на “Етихад Еруејс” се наоѓала на 45 минути од аеродромот во индонезиската престолнина .
Снимките направени од патник за време на летот, покажуваат паниката, кој настапила по првите потреси. Патниците се уплашиле уште повеќе кога биле спуштени и маските за кислород . Оштетени се и одделите за рачен багаж. Авионот се приземјил успешно, но со  10 повредени кои веднаш биле  сместени во болница.