Властите во Дубаи обвинија тројца луѓе за предизвикување на закана откако од приватен дом изегала лавица и неколку часа се шетала низ улицитете на Дубаи, соопшти агенцијата Асошиејтед Прес.

Инцидентот се случил минатата недела во четвртокот.Лавицата сепак била фатена и пренесена во зоолошката градина. Локалниот весник National соопшти дека обвиненијата се покренати кон домаќинот на животното, на продавачот и посредникот на купувањето.
Локалните закони забрануваат да се чуваат во приватни домови животни кои се наоѓаат под закана од исчезнување, меѓутоа властите понекогаш прават исклучок “за оние кои имаат официјална дозвола”. Во арапските земји од Персискиот залив присуството на диво животно во домот се смета како индикатор за состојбите во општеството.