Поради новото ширење на коронавирусот во градот Гуангжу на југот на Кина, властите денеска наредија затворање на киносали, театри, ноќни клубови и забранети се собири на граѓани.
Новите забрани се построги во делови од градот каде проценетиот ризик од ширење на вирусот е поголем, неколку населби се дури и целосно изолирани, а на граѓаните им е забрането да го напуштаат градот освен во итни случаи, пренесува АП.
Од 21 мај, повеќе од 100 случаи на ковид-19 се потврдени во Гуангжу, плус осум во последните 24 часа, а лекарите предупредуваат дека инфекциите во тој град се предизвикани од позаразниот вид, т.н. делта или „индиска“ варијанта на вирусот.
Денешниот извештај на „Ројтерс“ наведува дека во Кина биле дадени околу 14,8 милиони вакцини на 8 јуни и дека досега се користени вкупно 808,96 милиони дози на вакцини.
Досега во Кина се пријавени вкупно 91.316 инфекции со коронавируси и 4.636 смртни случаи кај ковид пациенти.